Зеленски ги посети украинските војници и се сретна со Гроси во Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети регионот Запорожје и се сретна со силите на фронтот кај Бахмут, а потоа разговараше со официјални лица и жители на Херсон. Тој објави видео на Telegram на кое се гледа како доделува медали на украинските војници.

„Чест ми е што сум денеска овде, покрај нашата армија. Благодарен сум на секој наш воин што ја бранеше Украина, нашиот суверенитет, нашите градови и нашите деца. Сигурно ќе победиме“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој се сретна и со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во близина на нуклеарната централа Запорожје.

Гроси подоцна напиша на Твитер дека двајцата имале „богата размена“ за заштита на електраната и нејзиниот персонал.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *