Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Законот за пензиска реформа треба да се спроведе пред крајот на годината. Британските медиуми наведуваат дека Макрон соопшти дека неговата влада ќе се обиде да ја врати Франција во нормала „што е можно поскоро“. Претходно неделава француската Влада за само девет гласа го „преживеа“ гласањето недоверба во францускиот […]
Израел денеска се обиде да ја смири загриженоста на Западот во врска со промената на законот што го забранување населувањето на подрачјата што беа евакуирани во 2005 година, објавувајќи дека не планира да гради нови населби во тоа подрачје. Кнесетот вчера укина делови од тој закон што во пракса може да да им овозможи на […]
Една година по почетокот на војната во Украина, во Србија сè уште има многу силна „пропутинистичка“ и „антизападна“ пропаганда, поради што некои граѓани сè уште сметаат дека руската агресија во соседната земја е оправдана и легитимна, пишува истражувачкиот и издавачкиот центар Демостат. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Демостат наведува дека во Србија […]
Во голема полициска акција наречена „Мапа“ 20 лица се уапсени за шверц на дрога, а четири лица се ставени на потерница, изјави директорот на албанската полиција Тонин Вочај. -По спроведена тримесечна истрага, со посебни истражни методи од страна на полицијата во Тирана под раководство на Обвинителството, обезбедени се правни докази за криминалната активност на две […]
Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс. Во документот што го објави тој портал, може да се види дека на […]
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој договорот меѓу Косово и Србија го нарекува договор меѓу „Белград и Приштина“, јавија албанските медиуми. Тие додаваат дека на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден […]
Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,4 отсто во февруари, за првпат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки веќе на првата претстојна средба. Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто […]
Израелски воени авиони рано утринава истрелаа ракети врз меѓународниот аеродром во градот Алепо на северот на Сирија, при што е причинета материјална штета, јавија сириските државни медиуми. Засега нема извештаи за загинати. Тоа е втор израелски напад на тој сириски аеродром во март. Како што е наведено, борбените авиони истрелале проектили во правец на Алепо, […]
Недостигот на вода поради нејзината прекумерна потрошувачка и климатските промени може да доведат до глобална криза на водата, предупредија ОН во извештајот објавен синоќа. Околу две милијарди луѓе немаат пристап до вода за пиење, а 3,6 милијарди немаат пристап до безбедни санитарни системи, се наведува во извештајот на агенцијата UN-Water и УНЕСКО пред денешното отворање […]
На 12 дена пред 2 април ние можеме јасно да кажеме пред јавноста дека сме подготвени за избори. Ова го изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев пред почетокот на денешната владина седница. „Ние сме во епицентарот на предизборната кампања“, забележа тој „Во последниве месеци, земјата беше управувана од преодна влада поради неможноста на 48-то Народно […]