Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека општите избори ќе се одржат во мај. Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да распише избори на почетокот на април. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека водството на партијата Нова демократија на Мицотакис пред левичарската опозициска партија Сириза се намалува по железничката несреќа […]
Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изјави дека договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти претставува пресвртница. -Сега двете страни треба да ги спроведат сите членови од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, изјави Лајчак во […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема намера да го распушти Парламентот, да ја реконструира Владата или да распише референдум за пензиските реформи со цел да се смират тензиите, изјавија учесниците на состанокот на владејачката коалиција во Елисејската палата. „Нема распуштање, нема реконструкција, нема референдум“, рече еден неименуван учесник на состанокот на кој присуствуваа […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да […]
Образовните реформи иницираат низа промени, коишто веќе целосно го револуционизираа финскиот образовен систем. Учениците во оваа земја со години успешно се натпреваруваат, на пр. со САД, Кина, Сингапур и Јапонија, па освојуваат први места на натпреварите по математика и природни науки. Како е ова можно? Финска е водечка во образованието по здраво-разумските практики и холистичката, […]
УНИЦЕФ денеска предупреди дека по големите поплави во Пакистан, 10 милиони луѓе, вклучувајќи и деца, сè уште живеат во области без пристап до безбедна вода за пиење. Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува лошата ситуација во сиромашниот Пакистан, земја со 220 милиони жители која сè уште се бори со последиците од поплавите и растечката економска […]
Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница. Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење […]
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина „на патот кон нормализација на односите“ и нагласи дека страните мора да работат „брзо“ и „со добра волја“ за да ги „материјализираат сите свои обврски од договорот“. „Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја поздравува неодамнешната изјава на ЕУ за договорот меѓу […]
Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независни медиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент. Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата и ограничените ресурси […]
Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија. Холандското Министерство за економија соопшти дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во […]