Чапутова: Невозможно е сега да зборуваме за прием на Украина во НАТО

Словачката претседателка Зузана Чапутова смета дека е невозможно да се зборува за влез на Украина во НАТО се додека во таа земја има војна.

-Што се однесува до приемот во Северноатлантската алијанса, ситуацијата на сите им е јасна – се додека Украина е во војна, не можеме да зборуваме за приклучување кон блокот. Ова произлегува од членот 5 на Северноатлантскиот договор и другите предуслови што една земја мора да ги исполни за да стане членка на НАТО, рече Чапутова.

Таа потсети дека била еден од европските претседатели кои минатата година најактивно го поддржале доделувањето на Украина на статусот на кандидатка за ЕУ, пренесува Тасс.

-Украина има уште релативно долг пат до полноправно членство во ЕУ, додаде Чапутова.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ