ЧУДО ПО ЦЕЛИ 39 ЧАСА: 10-годишно девојче спасено од под урнатините од силниот земјотрес што ја погоди Турција

Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави Анадолија.

Девојчето со сириско потекло било спасено од петкатница во Хатај, една од 10-те провинции тешко погодени од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени.

Нејзината мајка, братот и сестрата биле претходно спасени, соопштија спасувачките екипи од лице место.

Бројот на загинати од вчерашните земјотреси во Турција се искачи на 4.544 жртви, соопшти вечерва претставник на турската Агенција за справување со катастрофи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *