Дендиас и Блинкен ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог Грција – САД

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Атина ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција.

Според грчкото МНР, стратешкиот дијалог опфаќа регионални прашања, одбрана и безбедност, трговија, енергетика, справување со тероризам и природни катастрофи, а третиот круг се одржа во Вашингтон во октомври 2021 година.

Блинкен вчера попладне ја започна посетата на Грција со средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека, пак, денеска, освен со министерот за надворешни работи, ќе се сретне и со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *