Џудистите од џудо клубот ,,Дрим“-Струга и овој викенд беа на висина на задачата. Овојпат, максимален учинок имаа на Меѓународниот натпревар во Едирне, Турција, каде во силна конкуренција со седум учесници освоија седум медали.
Во категорија помлади пионери, златен медал освои Давид Спироски, Елеонора Јосифовска освои сребрен медал, а бронзени медали освоија Катерина Клењоска, Мила Стојмиловска и Божидар Јуловски.
Во категорија пионери, сребрени медали освоија Амар Бајрамоски и Матеј Балоски.