Доделена Нобеловата награда за медицина

Научниците Мери Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи се добитници на овогодинешната Нобелова награда за медицина за нивните откритија во областа на периферната имунолошка толеранција, објави Нобеловото собрание при шведскиот институт Каролинска.

„Нивните откритија поставија темели за ново поле на истражување и го поттикнаа развојот на нови третмани, вклучувајќи рак и автоимуни болести“, се вели во соопштението кое го пренесе Ројтерс.

Победниците ќе поделат награда од околу 1,2 милиони долари и ќе добијат златен медал што ќе го додели шведскиот крал Карл XVI Густав.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ