Учениците и вработени во школото во Вараждин утрово се евакуирани поради дојава за поставена бомба.
Од полициската управа Вараждин соопштија дека пријавата била примена по електронска пошта околу 8 часот утринава и дека директорката на училиштето Јасминка Келемен веднаш ја известила полицијата и основачот на училиштето, Вараждинската жупанија.
Сите ученици во придружба на вработени во училиштето и полицајци организирано ја напуштиле училишната зграда и се безбедни, се наведува меѓу другото во полициското соопштение и се додава дека уште едно блиско училиште е евакуирано.
Полицијата, се додава, постапува по протокол, објави хрватскиот портал Дневник.