Доселеници запалија село на староседелци во северниот дел на Никарагва, загинаа пет лица

Најмалку пет членови на домородното племе беа убиени, а тројца други беа ранети во северниот дел на Никарагва, во напад што очигледно го извршиле добро вооружени доселеници со намера да ја заземат нивната земја, соопштија локалните власти.

Жртвите се членови на племето Мајања, а цел на нападот било нивното село Вилу, во кое беа запалени 16 куќи, изјави директорката на фондацијата Дел Рио, Амару Руиз, која она што се случило таму во саботата го опиша како „уште едно масакр“ и додаде дека телата на некои жртви биле осакатени.

Ова е еден од серијата напади врз домородните племиња во северна Никарагва, кои вообичаено ги извршуваат доселеници. Ваквите злосторства обично минуваат неказнети, а многу од доселениците се поранешни војници.

Локалните домородни власти на областа Сауни Ас соопштија дека „сите куќи во селото Вилу се изгорени“ и оти тамошните семејства останале „без засолниште, вода и облека“.

Според шумските ренџери од областа Сауни Ас, нападот го извршиле „70 тешко вооружени доселеници“.

Домородните активисти ја обвинуваат левичарската влада на претседателот Даниел Ортега дека не прави доволно за да ги реши проблемите со кои се соочуваат племињата во џунглите во Никарагва. Владата ги негира обвинувањата.

Фондацијата „Дел Рио“ проценува дека од 2015 година на племето Мајања му е одземено околу 60 отсто од нивната територија, и оти таму се населиле околу 5.000 доселеници, додека околу 3.000 староседелци се протерани.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *