Вторник, 17 ноември 2026 вторник, 17 ноември Струга 15°C Струга 15°C Пријави вест
Свет

Две лица ранети во Брисел во пресметка помеѓу банди

Објавено: · 1 мин читање
Две лица ранети во Брисел во пресметка помеѓу банди

Две лица се ранети од огнено оружје за време на конфликт меѓу сопернички групи во бриселската општина Сен Жил, соопшти денес Обвинителството во Брисел.
Полицијата беше повикана на плоштадот Витлеем, во близина на железничката станица Гар де Миди, каде што беа пронајдени две повредени лица и чаури, објави Ројтерс.
Двајца осомничени се уапсени, додека повредите на жртвите не се опасни по живот, се вели во полициското соопштение.
ФОТО: Архива