Енергија за цел ден: Појадок полн со зеленчук кој лесно може да стане ручек

Доколку сакате здрав и вкусен појадок или можеби и ручек, ние го имаме совршениот рецепт за вас. Оваа фритата ги воодушевува сите што ќе ја пробаат.

Кромидот, пиперките и младиот спанаќ одлично се комбинираат со јајцата, а фета или козјото сирење ќе ја заокружат целата приказна.

Оваа фритата печена во рерна изгледа импресивно, но нема да ви требаат повеќе од 10 минути за да ја подготвите. Всушност, можете да подготвите сè претходната вечер, а потоа само да ја испечете наутро во рерна.

Состојки:

• 1 лажица екстра девствено маслиново масло;

• 2 средни црвени пиперки, сецкани;

• 3-4 парчиња млад кромид, тенко сецкан;

• 150 г млад спанаќ;

• 12 јајца;

• 3 лажици крем за готвење;

• лут сос по желба;

• ½ лажичка сол;

• ½ лажичка свежо мелен црн пипер;

• 100 г фета или козјо сирење, издробени;

• путер, за подмачкување на садот за печење.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Намачкајте го садот за печење со путер.

Во голема тава, загрејте го маслиновото масло на средна температура, додадете ја пиперката и младиот кромид и пржете додека не омекне пиперката, околу 8 до 10 минути.

Додадете го спанаќот во тавата и пржете додека не омекнат, околу 2 минути. Оставете го настрана да се излади малку.

Искршете ги јајцата во средна чинија за матење. Додадете го кремот за готвење, лутиот сос, сол и бибер. Мешајте додека не се соединат жолчките и белките.

Половина од сирењето измешајте го во јајцата и додадете го изладениот зеленчук и измешајте.

Истурете ја смесата во подготвениот сад за печење. Одозгора рамномерно распоредете го преостанатото сирење.

Печете 25 до 35 минути.

Исечете и послужете.

На здравје!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ