Ердоган: Избори во Турција на 14 мај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека претседателските и парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 14 мај, како што и било предвидено, што е малку повеќе од три месеци по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе во Турција.

„Оваа нација ќе направи што е потребно на 14 мај“, рече Ердоган во говорот пред претставниците на неговата Партија на правдата и развојот.

Тоа е датумот за кој претходно зборуваше Ердоган и не го помести поради земјотресот.

Осудувајќи ги тие кои ја критикуваа неговата Влада за лошото владеење по земјотресот на 6 февруари, Ердоган рече: „Ќе им дадеме соодветен одговор на 14 мај“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *