Ерменија одбива годинава на нејзина територија да се одржат руски воени вежби

Ерменија  одби да биде домаќин на воена вежба во 2023 година на сојузот предводен од Русија. Одбивањето е поради незадоволството на Ереван од страна Москва на важната рута за снабдување на енклавата Нагорно-Карабах.

Ерменија изминатиот период покажува зголемени знаци на нетрпеливост кон својот сојузник, Русија, која ја обвинува дека не одговара на провокациите на Азербејџан во однос на Нагорно-Карабах.

Ерменија мисли  дека не е соодветно да се одржи вежба оваа година на Организацијата Договор за заедничка безбедност оваа година…  Таа вежба нема да се одржи, изјави премиерот Никол Пашинјан.

Тој додаде дека ја известил воената алијанса предводена од Москва, во која членуваат неколку поранешни советски републики. Според Пашинијан Организацијата „не ги осудува дејствијата на Азербејџан“, а Русија не ја исполнила својата задача „гарант на ерменската безбедност“.

– Ерменија очекуваше специјални акции од руските и другите партнери во областа на безбедноста. Но, на Ереван му беше кажано дека границите на Ерменија и Азербејџан не се утврдени, истакна Пашинијан. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *