ЕУ блиску до договор за воведување на 10-от пакет санкции против Русија

Европската унија е блиску до воведување на десеттиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина, а се очекува денеска, доколку се надминат разликите во ставовите во однос на забраната за увоз на гума и дијаманти од Русија, да биде постигнат конечен договор, потврдија дипломати од земјите членки на ЕУ.

На санкционираната листа треба да има поединци и официјални лица вклучени во илегалната депортација на околу 6.000 деца од Украина. Десеттиот пакет санкции се очекува да вклучи и седум ирански деловни субјекти за кои се верува дека произведуваат опрема што ја користи Русија во воените операции во Украина.

ЕУ сака 10-тиот пакет санкции да опфати поединци и субјекти обвинети за депортирање деца.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

2 Comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *