Филтерските и електронските цигари наскоро би можеле да бидат историја во Европската унија, бидејќи Советот на ЕУ има намера да го следи предлогот на Светската здравствена организација (СЗО) и планира да ги забрани, пишува австрискиот весник Хојте.
Во нацрт-резолуцијата на Советот на ЕУ, до која Хојте имал пристап, се наведува дека „забраната за производство, увоз, дистрибуција и продажба на филтер цигари би дала важен придонес во сузбивањето на потрошувачката на тутун“, како и дека електронските цигари би можеле да бидат укинати.
Како што е најавено, СЗО ќе ги разгледа препораките на својата конференција во Женева во ноември, со можност планираната ревизија на Директивата за тутунски производи да воведе целосна забрана, што ја поддржува и Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен.
ЕУ планира да ги забрани филтер и електронските цигари
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft