ЕУ: Ситуацијата на северот на Косово е нестабилна

Портпаролката на еврокомесарот за надворешна политика, Набила Масрали, на денешната прес-конференција во Брисел рече дека ситуацијата на северот на Косово се уште е нестабилна, додека последните настани на Косово покажаа колку е важно да се постигне нормализација на односите.

„Го поздравивме смирувањето на тензиите и отстранувањето на барикадите. ЕУ одигра активна улога за да се постигне ова, во координација со САД и КФОР“, изјави таа.

Според неа, „ситуацијата и понатаму е нестабилна“.

„Очекуваме сите страни да се воздржат и да останат смирени, да избегнуваат дејствија што можат да доведат до ескалација или насилство“, а ЕУЛЕКС ја следи ситуацијата.

„Настаните во последните неколку недели покажаа колку е важно да се направи вистински и неповратен напредок кон нормализација на односите“, рече Масрали, пренесе Бета.

Таа додаде дека ЕУ очекува спроведување на сите договори постигнати досега во дијалогот, „почнувајќи од враќањето на косовските Срби во институциите и почетокот на разговорите за Заедницата на општини со српско мнозинство“.

„ЕУ ќе продолжи (да работи) со двете страни во овој поглед“, рече Масрали.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *