Вторник, 10 ноември 2026 вторник, 10 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Евростат: Цените на становите во ЕУ растеле побрзо од приходите на домаќинствата

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 — Свет
Фото: TV21 — Свет

Купувањето стан во Европската Унија станува сè помалку достапно во последните десет години, бидејќи просечните цени на недвижностите растеле побрзо од приходите на домаќинствата, пренесува ТВ21.

Во периодот од 2015 до 2025 година, во 17 земји членки на ЕУ се зголемил јазот меѓу цените на становите и приходите на домаќинствата, соопшти денеска Евростат.

Според податоците на Европската статистичка служба, показателот што ја споредува промената на цените на станбените недвижности со бруто-расположливиот приход на домаќинствата по жител, на ниво на ЕУ се зголемил за 6,8 проценти.

Најголемо зголемување на овој јаз е забележано во Португалија, каде што показателот пораснал за 60,8 проценти.

Значителен раст е регистриран и во Холандија, од 34,3 проценти, Унгарија – 26,5 проценти, Чешка – 25,8 проценти и Шпанија – 24,5 проценти.

Од друга страна, во десет земји членки е забележано намалување на овој показател. Најголем пад има во Романија, од 42,8 проценти, и во Финска, од 25,2 проценти.

Извор: TV21 — Свет