Во конкурренција од 150 учесници, Duo Amica, составено од флејтиските Михаела Влајнкиноска и Сара Тололеска, од Основното Музичко Училиште-Струга кои учат во класата на м-р Светлана Богданоска Ристоски го освои третото место на Интернационалниот натпреварот ,,ПијаноФест” што по шести пати се одража во Битола.
,,Учествуваа млади музичари од Македонија, Албанија,Србија, Хрватска, Косово, Грција,Малта и Италија. Меѓународно жири ги оценуваше учесниците во дисциплините : пијано,соло- пеење и камерна музика, која е најнова дисциплина на овој натпревар“-информира професорката Ристоски.
Таа додава дека ова не е прв натпревар на Дуо Амика. Тие веќе освоија втора награда на Меѓународниот натпревар за Камерна Музика КМК во Кавадарци.
Натпреварот беше во организација на здружението на пијанисти и музички педагози ,,Пијано” од Битола.