ФОТО: Сателитски снимки ги откриваат размерите на катастрофата – ПРЕД И ПОТОА

Сателитските снимки кои ги објави американската компнија за вселенска технологија, Максар покажуваат делови од градовите во Турција, пред и по разорниот земјотрес.

Фотографиите се од 4 октомври 2022 година, додека новите се настанати на 6 февруари, денот кога Турција и Сирија без погодени од силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени.

Спасувачките тимови во двете земји се борат со студот и времето додека трагаат по преживеани под урнатите згради и куќи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најтешко погодени провинции.

We are working with multiple organizations to provide them with #satelliteimagery of the recent #earthquake that has devastated #Turkey & #Syria. Seen here are before (Oct 4, 2022) & after (Feb 7, 2023) images of #Islahiye, Turkey, showing collapsed buildings & rescue operations. pic.twitter.com/3c69oZFYmu

— Maxar Technologies (@Maxar) February 7, 2023

-Ова е една од најголемите катастрофи во нашиот регион и светот, вели Ердоган.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *