Сите кои во Трст вчера рано наутро биле будни можеле да сведочат на глетка каква што не е видена 25 години. На површината на морето е формиран тенок слој мраз.
Морскиот резерват Мирамар во Трст забележал феномен кој во Трст не е виден 25 години, замрзнато море. Тоа е нешто што често го доживувале генерациите од времето кога зимите биле постудени, но помладите генерации не се запознаени со оваа појава. Тенкиот слој мраз се појавил на површината на морето на поширокото подрачје на Трстјанскиот залив, пишува „Primorski dnevnik“, пренесува „N1“.
Слична појава, во нешто пошироки размери, се случила пред 25 години, на 25-ти јануари 1999-та. Во тоа време трстјанскиот крај го зафатиле ниски температури кои достигнувале само неколку степени над нулата.
Според зборовите на Дарко Брадаси, над ова подрачје моментално лебди цврст антициклон со многу топол висински воздух. Радиосондата од Риволта така ја одредила точката на замрзнување на водата, на висина од околу 2.936 метри на полноќ. Поради тоа атмосферата е многу стабилна и постои изразен температурен пресврт, па температурите непосредно над површината е неколку степени пониска отколку на висина од неколку метри.
Метеоролошката опсерваторија на регионални еколошки агенции „Arpa“ во средата наутро измерила 3,4 степени Целзиусови на пристаништето во Трст.
„Поради изразена стабилност во атмосферата и отсуство на позначајни ветрови, многу е веројатно дека температурите во најниските приземни слоеви биле неколку степени пониски отколку на висина од два метри, каде се поставени официјалните термометри“, објаснил Брадаси.
Според неговите зборови, важна улога играл тенкиот слој на магла кој веќе неколку дена се задржувал над морето и ги блокирал сончевите зраци, зголемувајќи ја концентрацијата на слатка вода во тенкиот горен слој на морето, како и многу мирното море.