Германија ќе го укине носењето маски во меѓуградските возови и автобуси

Носењето маска од 2 февруари повеќе нема да биде задолжително во Германија во меѓуградскиот превоз – возови и автобуси, бидејќи ширењето на коронавирусот забавува, соопшти денеска Министерството за здравство.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика луѓето со чувствително здравје да продолжат да користат маска врз основа на лична одлука.

Според сегашниот закон за заштита од инфекции, маските FFP2 се задолжителни во меѓуградските автобуси и возови до 7 април.

Сепак, епидемијата е стабилизирана, рече Лаутербах и нагласи дека голем дел од населението е вакцинирано против коронавирусот, а исто така изјави дека состојбата во болниците е „затегната, но може да се управува“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *