Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

Големо невреме во Италија, исчезнати две лица

Објавено: · 1 мин читање
Големо невреме во Италија, исчезнати две лица

Две лица се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето на југот на Италија, јавија локалните медиуми.

Силно невреме во изминатите два дена ги зафати северните и централните делови на земјата . Во некои јужни делови, вклучувајќи го и регионот Кампанија, имаше и поплави.

Властите соопштија дека две лица се водат за исчезнати во Таланик, откако почнал одронот. Неофицијално станува збор за мајка и нејзиниот син.

Пожарникарите и безбедносните сили учествуваат во операциите за пребарување и спасување.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат потопени куќи и продавници , додека некои возачи се заглавени во своите возила на патиштата погодени од поплави и одрони.