Хорор во Србија: Кучиња до смрт искасаа српски новинар, неговата сопруга се бори за живот

Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го искасале улични кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац.

Како што пренесуваат белградските медиуми, во нападот на разбеснетата глутница била повредена и неговата сопруга Олга (58) која се обидела да му помогне.

Таа со лекари од Итната помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.

Како што претходно објавија медиумите, кучињата го искасале Радосављевиќ за нозете и рацете, при што бил тешко повреден. Лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал.

Радосављевиќ беше новинар, порано на НТВ Студио Б, како и еден од основачите на ПГ Мрежа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *