Хрватската полиција уапсила двајца албански државјани со хероин вреден пола милион евра

Двајца албански државјани на возраст од 30 и 44 години се уапсени на граничниот премин Карасович на хрватско – црногорската граница, откако во нивниот автомобил биле откриени 11 килограми хероин.

– Со дрогата, чија вредност се проценува на над пола милион евра, албанските државјани влегле во Хрватска од Црна Гора. Крајната дестинација на дрогата бил западно европскиот нарко – пазар, јави албанската агенција Балкан веб.

Според истиот извор, полициските службеници со помош на куче, дрогата пакувана во 20 пакетчиња ја откриле при контрола на втората гранична линија во автомобил со албански регистарски ознаки.

Пред два дена албанските медиуми пренесоа дека италијанската полиција запленила 353 килограми кокаин и уапсила четворица Албанци, кои дрогата ја имале во хотелска соба во регионот на Лигурија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *