Индиската влада е против признавање истополови бракови

Индиската влада се противи на признавањето на истополовите бракови, наведува Министерството за правда во денешиот поднесок до Врховниот суд на Индија.

Индиското Министерство за правда соопшти правно само хетеросексуалните бракови треба да бидат легално признати и дека државата има легитимен интерес да ги одржува, се вели во поднесокто во кој имале увиод западни медиуми, а кое не е јавно објавено.

Заедницата на истополови партнери не е во склад со индискиот концепт за семејство кое го сочинуваат маж, жена и деца, сметаат од Министерството.

Во Индија, во последните месеци беа поднесени најмалку 15 претставки од хомосексуални парови со кои се бара судот да ги признае истополовите бракови.

Индиската влада тврди дека секоја промена на законот треба да биде во домен на избраниот парламент, а не на судовите.

Предметот е закажан на разгледување во Врховниот суд в понеделник.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *