Јапонија и Филипините ја зајакнуваат економската и безбедносната соработка

Јапонскиот премиер Фумио Кишида и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор денеска изјавија дека двете земји ќе работат на дополнително зајакнување на економската и безбедносната соработка, поради зголеменото присуство на Кина во индо-пацифичкиот регион.

На заедничката прес-конференција по разговорите со Маркос Јуниор во Токио, Кишида рече дека Јапонија ќе им обезбеди на Филипините пакет поддршка во вредност од 600 милијарди јени, или 4,6 милијарди долари, од јавниот и приватниот сектор на Јапонија во период од две години, пренесува јапонската агенција Кјодо.

Кишида и Маркос потврдија дека двете земји ќе продолжат со разговорите „два плус два“, во кои се вклучени министрите за одбрана и за надворешни работи на двете земји.

Кјодо наведува дека двајцата се согласиле да ги ослободат филипинските дипломати од барањата за виза за Јапонија со цел да ја промовираат размената меѓу луѓето меѓу земјите.

Кина, Филипините, Тајван, Малезија, Виетнам и Брунеи имаат интереси во Јужното Кинеско Море, поморска област богата со природни ресурси што служи и како критична трговска рута.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *