ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА СРЦЕТО НА ДВА ДЕЛА – додека спасувачот ја снима во живо, Азра му умира на рацете (ВИДЕО)

Четиригодишната Азра Дуру која беше извлечена од урнатините во Турција го загуби животот, а спасувачот е цел на критики за начинот на кој го држеше девојчето.

Информацијата за смртта ја потврдија роднините на малечката Азра, јавуваат турските медиуми.

Се наведува дека спасувачот ја вклучил камерата од телефонот и снимал додека самиот го држел девојчето и покрај тоа што имало видливи повреди.

На снимките се гледа дека детето тешко ја држи главата, а внимание привлекоа и повредите на лицето, пишуваат корисници на социјалните мрежи во Турција, коментирајќи дека мажот требал да почека да пристигне брзата помош, a не сам на раце да го носи повреденото девојче.

Причината за смртта на Азра беше објаснета како траума предизвикана од природна катастрофа, тешка повреда, внатрешно крварење, скршеници на левата нога и на десната рака.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *