Ким Џонг Ун повика на зголемување на севернокорејскиот нуклеарен арсенал

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика да се зголеми производството на нуклеарни материјали за да се зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, велејќи дека Пјонгјанг треба да биде целосно подготвен да го користи оружјето во секое време

Ким повика на зголемено производство на нуклеарен арсенал за време на инспекцијата на програмата за нуклеарно оружје на земјата каде што е тестирана технологијата за активирање, јави денеска државната агенција КЦНА.

Севернокорејската војска вчера симулираше нуклеарна воздушна експлозија со две тактички балистички ракети земја-земја за време на вежба за гаѓање, се вели во друг извештај на КЦНА и се додава дека одбранбениот тинк-тенк тестирал и подводни системи за стратешко оружје. јт/

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *