Косовската Влада издвои 70.000 евра за објавување на книга на Вокер за Рачак

Владата на Косово одвои 70.000 евра за финансирање на книгата на Вилијам Вокер, во која поранешниот шеф на Мисијата на ОБСЕ ги искажува своите ставови за настаните во Рачак во 1999 година, јави БЕТА.

Косовскиот премиер Албин Курти на владина седница истакна дека книга се финансира поради нејзиното „историско значење“.

– Оваа недела се навршуваат 24 години од масакрот во Рачак… Во книгата ќе бидат опишани настаните поврзани со масакрот во Рачак презентирани од гледна точка на амбасадорот Вокер од негова лична перспектива како шеф на верификациската мисија на ОБСЕ, наведе Курти.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *