Победата на Украина, која беше нападната од Русија, е егзистенцијално прашање за Европа и за ЕУ ​​нема поголем приоритет од тоа, изјави денеска Улф Кристерсон, премиер на Шведска, која го презеде претседавањето со ЕУ на 1 јануари.

– Украинската победа има егзистенцијално значење за Европа, нема поголем приоритет од Украина. Судбината на Украина е и судбина на Европа, рече Кристесон на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Шведската Влада вчера и денеска беше домаќин на членовите на ЕК во Кируна, најсеверниот град во Шведска, а на средбата се разговараше за приоритетите за следните шест месеци.

Претседателот на ЕК нагласи дека ЕУ треба да го зголеми притисокот врз Русија и да продолжи да и помага на Украина.

– Ја поддржуваме Украина од првиот ден на инвазијата и ќе продолжиме да ја поддржуваме непоколебливо. Ние, исто така, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека Европската унија е премногу зависна од руските фосилни горива. Русија го намали снабдувањето со гас за ЕУ ​​за 80 отсто, но Унијата успеа да го надомести тоа од други извори.

– Сега цените на бензинот се пониски отколку пред руската агресија, не останавме без струја, складиштата за гас се полни, двојно го зголемивме производството на енергија од обновливи извори, рече Фон дер Лајен.

Таа најави дека ЕК напролет ќе објави предлог за реформа на пазарот на електрична енергија и дека ќе изработи механизам за заедничка набавка на гас.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *