Курти: Оптимист сум дека за неколку месеци може да се постигне договор со Србија

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е оптимист оти во рок од неколку месеци може да се постигне договор меѓу Белград и Приштина, како и дека косовската страна има волја за тоа.

Тој во интервју за швајцарски „Блик“ вели дека тоа може да се случи само доколку има волја за договор и поддршка од Западот, односно ЕУ, НАТО, САД и Велика Британија.

– Изразив подготвеност да го сторам тоа. Но, за договор се потребни две страни. За да има долгорочен мир, безбедност и регионална стабилност, Србија мора да се дистанцира од минатото на (Слободан) Милошевиќ и сега од (Владимир) Путин, рече Курти, додавајќи дека „Србија се приближува до Русија“ и дека „Путин сака да поттикне конфликт во Косово“.

Курти, од почетокот на годинава, даде интервјуа за повеќе од 10 странски медиуми, претежно од германското говорно подрачје, во кои зборуваше за дијалогот со Белград, постигнувањето договор, руското влијание во регионот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *