ЛАЖЕН ХИРУРГ СО ДЕНОВИ ЛЕКУВАЛ И ИМ НАПЛАЌАЛ НА НАСТРАДАНИТЕ – многумина ги продавале и телефоните и му давале пари, сега му следува ПЕКОЛ! (ФОТО)

Дваесет и деветгодишниот Неда Ергун веднаш по земјотресот во Турција отишол во погоденото подрачје и се претставил како неврохирург и измамил десетици луѓе.

Имено, тој се обидувал да собере пари од луѓе за наводно да купи лекови, а бил приведен во Истанбул кога било откриено дека не е лекар, пренесува РТС.

Инаку, Ергун е измамник од претходно познат на полицијата и уште пред земјотресот имал криминално досие за 40 различни измами. На вториот ден од земјотресот на сите во Хатај им се претставил како неврохирург.

Некои од волонтерите дури ги продале своите телефони и му ги дале парите на Ергун. Кога се дознало дека не е лекар, бил уапсен во Истанбул. Една од неговите жртви бил и Самет Чинар, претседател на каменоломот во Истанбул, Алперен.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *