МАКЕДОНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА ПРЕГАЗИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ИТАЛИЈА: Бил дел од криминална група

Организирана група на крадци, се обидела да ги прегази полицајци, откако биле откриени во близина на Ковињано, при што во нивниот автомобил биле пронајдени предмети наменети за грабеж. Еден од тројцата уапсени бил и македонски државјанин, претходно познат на италијанската полиција со други кривични дела зад себе.

Бркотницата била како на филм, односно успеале да избегаат со голема брзина, а потоа наместо да запрат, тие се обиделе да ги прегазат полицајците. Нивното бегство го продолжиле пеш на неасфалтиран пат, но за нивна несреќа се нашле во ќорсокак, по што биле уапсени.

Лудата бркотница се случила во неделата попладне. Жители на Ковињано пријавиле три сомнителни лица, кои ги обиколувале околните куќи. Сомнежите се покажале точни по пристигнување на полицијата. Полицијата соопшти дека за среќа нема повредени, и покрај тоа тие можеле многу лесно да се превртат со возилото.

Покрај македонски државјанин, бил уапсен и 38-годишен Италијанец, како и 27-годишна девојка, која исто така била во автомобилот.a

ОСТАНАТИ ВЕСТИ