Петок, 27 ноември 2026 петок, 27 ноември Струга 12°C Струга 12°C Пријави вест
Спорт

Македонија против Италија во Битола – апел до навивачите за навремено пристигнување

Објавено: · 1 мин читање
Македонија против Италија во Битола – апел до навивачите за навремено пристигнување

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва ќе се соочи со Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Од Фудбалската федерација на Македонија апелираат навивачите да пристигнат навреме и заеднички да ја поддржат младата селекција.

Вратите на стадионот ќе бидат отворени во 16:15 часот, а организаторите препорачуваат навивачите да дојдат порано за да се избегнат гужви и сите навремено да ги заземат своите места. При влезот, билетите ќе бидат скенирани од овластени лица, па затоа се препорачува тие да бидат подготвени однапред за побрза процедура.

Од федерацијата потсетуваат дека на билетите е наведено кои предмети не се дозволени за внесување и апелираат правилата да се почитуваат во интерес на безбедноста.

Навивачите се охрабруваат да понесат знамиња, шалови или дресови во црвено-жолти бои за да создадат вистинска атмосфера и да дадат максимална поддршка на младата македонска репрезентација.