Меѓународниот карате турнир „Охрид Опен 2025“

Во Охрид викендов се одржа Меѓународниот карате турнир „Охрид Опен 2025“, на кој учествуваа 450 натпреварувачи од Македонија, Албанија, Косово, Грција и Црна Гора.

На турнирот забележлив успех постигнаа:

Анел Зенделоски, кој го освои првото место во категорија Јуниори +76 кг

Алдин Бајрамоски, кој го освои третото место во категорија Кадети -57 кг

Организатори на турнирот беа карате клубовите Џоле и Кун-Су-То од Охрид, кои успешно го реализираа настанот и овозможија одлични услови за сите учесници.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ