Мевмед Халили е избран за претседател на ДУИ во Лабуништа

На денешниот состанок одржан од страна на членовите на ДУИ од Лабуништа беше избрано ново претседателство и нов претседател.

Претседателството го сочинуваат интелектуалци, искусни и одговорни кадри, професионалци посветени и докажани.

За претседател едногласно беше избран Мевмед Халили, млад политичар, истакнат член и активист кој својот политички ангажман го започна како посветен активист за граѓаните на Лабуништа.

Мевмед Халили по професија е дипломиран правник, посветено ја извршуваше функцијата директор на Центарот за социјална работа Струга, покажувајќи посветеност, способност и одговорност при извршувањето на должноста.

Со оваа одлука, претседателството на ДУИ Лабуништа не само што продолжува со длабоките реформи и поставување на високи етички стандарди, туку јасно покажува дека способните и докажани млади луѓе заземаат клучни позиции за градење на политичката иднина.

Со почит,
ДУИ Лабуништа

ОСТАНАТИ ВЕСТИ