На локалните избори во Албанија, електронско гласање и пребројување во три општини

Претседателот на албанската Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши, информираше дека по добиените дополнителни средства од владата, на локалните избори во мај годинава електронско гласање ќе има во три општини.

-Донесовме одлука, на 14 мај, во три општини Вора, Камез и Елбасан, од вкупно 61 општина, да има електронско гласање и пребројување на гласовите. Со тоа граѓаните на трите општини, откако ќе го остварат правото на глас, нема долго да чекаат да го дознаат името на новиот градоначалник, изјавил Целишаби, пренесуваат медиумите.

По барање на ЦИК, владата издвои дополнителни 800 милиони лека, околу 7 милиони евра, со цел да се реализира електронско гласање и пребројување. Претходно владата на ЦИК и додели 18 милиони евра.

-Дарежливоста на извршната власт да го прошири проектот на 352 избирачки места беше придружена и со консензус на политичките партии, кои се согласуваат електрониката да се прошири на споменатите три општини. Електрониката влезе како иновација во 2021 година, на парламентарните избори, каде електронското гласање и броење беше процедура која беше завршена во рекордно време во општина Вора, додаваат медиумите.

Во однос на роковите за изборите на 14 мај, според претседателот на ЦИК, Целибаши, на 6 март е крајниот рок за пријавување на политичките партии. На 27 март е крајниот рок за доставување кандидатски листи, 14 април почнува изборната кампања, 8 мај завршува рокот за објавување анкети, 13 мај завршува изборната кампања и настапува изборниот молк.

Во меѓувреме на први март судот треба да пресече дали право на континуитет на користење на печатот и логото на партијата има крилото на Демократската партија, предводено од Сали Бериша или на Енкелејд Алибеај, кој е вршител на должноста претседател на ПД, по оставката на Љуљзим Баша.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *