Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 13°C Струга 13°C Пријави вест
Свет

Најмалку 21 лице загина во свлечиште во Папуа Нова Гвинеја

Објавено: · 1 мин читање
Најмалку 21 лице загина во свлечиште во Папуа Нова Гвинеја

Најмалку 21 лице загина во свлечиште во Папуа Нова Гвинеја, објавија денес австралиските медиуми.
Свлечиште уништи куќи околу 2 часот наутро додека луѓето спиеле во селото Кукас во покраината Енга, објави Австралиската радиодифузна корпорација (ABC), повикувајќи се на полициски извори, објави АП.
Гувернерот на покраината Енга, Питер Ипатас, изјави дека локалните жители рекле дека загинале до 30 лица, додека досега се пронајдени 18 тела.