Среда, 11 ноември 2026 среда, 11 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Свет

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани со бомби, закана упатена и до Мелони

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 — Свет
Фото: TV21 — Свет

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска биле евакуирани откако на нивните електронски адреси пристигнала идентична порака со закана за поставена бомба. Во пораката имало и закана упатена до италијанската премиерка Џорџа Мелони, а полицијата врши безбедносни проверки на објектите.

Информацијата ја соопшти италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара, кој посочил дека бројот на училиштата што добиле заканувачки пораки би можел дополнително да се зголеми.

Според информациите што ги пренесува агенцијата АНСА, во новата порака испратена до училиштата се упатува закана со зборовите: „Ќе ве уништиме“.

Пораката била потпишана со името „Михаил Андропов“.

По добиените закани, надлежните полициски служби започнале проверки во училиштата за да утврдат дали постои реална опасност и дали во некој од објектите има поставено експлозивна направа.

Засега нема информации за пронајдени сомнителни предмети или експлозивни направи, ниту за евентуални осомничени лица.

Извор: TV21 — Свет