Среда, 11 ноември 2026 среда, 11 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Балкан

Најмалку тројца загинати и 16 спасени од потонат чамец со мигранти кај грчкиот остров Лезбос

Објавено: · 1 мин читање
Најмалку тројца загинати и 16 спасени од потонат чамец со мигранти кај грчкиот остров Лезбос

Најмалку три лица го загубија животот, 16 се спасени, а непознат е бројот на исчезнати, откако чамец со мигранти удрил во карпа во близина на грчкиот остров Лезбос, објави „Катимерини“.

Според истите информации, од рано утрово во тек е спасувачка акција на крајбрежната служба, а според изјавите на спасените, во чамецот со кој се пренесувале имало околу 41 лице, а никој од нив не носел спасувачки елек.

Потрагата и акцијата се води во лоши временски услови со силен ветер.