Нептун продолжува да нуди модерно и достапно технолошко искуство за своите купувачи. На 23 мај 2025 година (петок) со почеток во 10:00 часот, ќе се отвора новата продавница на во Струга, лоцирана во рамки на Набизи Ритеил Парк – најновиот и најголем трговски центар во тој регион.

Новата продавница на Нептун е дизајнирана во согласност со најсовремените стандарди и трендови во малопродажбата. Со модерен изглед, јасна организација на просторот и богата понуда од најнови производи во категориите: бела техника, телевизори, аудио уреди, лаптопи, мобилни телефони и мали апарати. Продавницата е прилагодена на динамичниот животен стил и потребите на денешниот потрошувач.
Присуството на Нептун во овој регион претставува дополнителен чекор во стратегијата за приближување до секој купувач и обезбедување високо квалитетно искуство – со професионална услуга, промоции, поволности при купување и постојана поддршка.

Продавницата на Нептун е дел од Набизи Ритеил Парк, нов урбан трговски и забавен центар кој се простира на површина од 50.000 м² со 800 паркинг места и деловен простор од 20.000 м². Овој простор е создаден како модерен центар за шопинг и семејна забава, кој ќе ги задоволи очекувањата на посетителите од Струга и пошироко.
Нептун ве поканува на свеченото отворање со ексклузивни попусти, подароци за првите купувачи и бројни изненадувања. Новата продавница ќе биде место каде технологијата се среќава со стил, практичност и достапност.