Вторник, 10 ноември 2026 вторник, 10 ноември Струга 10°C Струга 10°C Пријави вест
Балкан

Несреќа во Бугарија: Пожар избувна во патничкиот воз Варна – Софија

Објавено: · 1 мин читање
Несреќа во Бугарија: Пожар избувна во патничкиот воз Варна – Софија

Пожар избувнал во патничкиот воз Варна – Софија, потврдија од „Бугарски државни железници“ за локалните медиуми.

Инцидентот се случил на постојката Гривица, меѓу станиците Пондим и Плевен. Возачите забележале густ црн чад што излегува од локомотивата.

Нема повредени, јави БТА. Инцидентот се случил денеска околу 15:40 часот по локално време.