Објавени имињата на жртвите: Со украинскиот министер загинале и други функционери

Хеликоптер се урна во близина на градинка во украинскиот град Бровари, во близина на Киев.

Гувернерот на Киев извести дека на местото на несреќата има жртви, а децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката. Според последните информации од попладнево има најмалку 14 загинати, а меѓу нив има и дете.

Во хеликоптерот загинаа девет лица. Загинат е украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски. Неговиот заменик Јевген Џенин исто така загина.

Загината е и помошничката на министерот, Татјана Шутјак, како и шефот на министерското обезбедување Михајло Павлушко.

Понатаму, загинаа државниот секретар Јури Лубковиќ, фотографот Миколај Анатски и тројца членови на екипажот на хеликоптерот: Олександер Василенко, Константин Коваленко и Иван Касјанов.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *