Од минута во минута: Сите информации за земјотресот во Турција

Турција утринава околу 4 часот по локално време, беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот беше во близина на турско-сириската граница. Во земјотресот, во двете земји загинати се над 1.200 лица, а има повеќе од 5.400 повредени. Спасувачките екипи помогнати од локалното население се обидуваат да извлечат што повеќе преживеани од под урнатините.

Социјалните мрежи се преплавени од видеа снимки од земјотресот, но и спасувачките акции во кои од под рушевините се извадени деца. Претпладнево Турција беше погодена од уште еден силен земјотрес со јачина од 7,5 степени.

Македонското Министерство за надворешни работи информираше дека осум ученици и нивен ментор/наставник, преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност.

Македонските дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Телеграми со сочувство пристигнуваат од целиот свет, а голем број земји и организации најавија помош за Турција. Конретна помош е најавена и од Македонија.

Грција испраќа спасувачки тим во Турција

Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ едногласни: На вонредна седница ќе се одлучува за помош на настраданите од земјотресот во Турција

ЗАСТРАШУВАЧКА АНИМАЦИЈА: Како земјотресот во Турција ја потресе цела Европа (ВИДЕО)

ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ УЧЕНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ – едниот со потешки повреди, еве ги деталите за останатите шест и нивниот ментор!

Македонија ќе испрати конкретна помош во Турција

ВИДЕО: Згради се рушат при тв вклучување во живо, драматични снимки од вториот силен земјотрес во Турција

Петровска: Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ

ВИДЕО: По разорниот земјотрес во Турција експлодираше гасовод

Турција: Училиштата во 10 градови и покраини се затвораат на една недела

Расте бројот на загинати: Досега 1.200 жртви во земјотресот во Турција, над 5.300 повредени

НОВ ШОК ВО ТУРЦИЈА: Два силни земјотреси од 7,7 и 6 степени

Берлин, Париз и Варшава ветија помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

ПРЕД ТРИ ДЕНА ГО ПРЕДВИДЕЛ ЗЕМЈОТРЕСОТ: Објавил предупредување, но никој не го сфаќал за сериозно – денес веќе е доцна! (ФОТО)

ВИСТИНСКА ТРАГЕДИЈА: Најмалку 670 луѓе загинаа во земјотресот во Турција и во Сирија

По земјотресот во Турција и Сирија, Борел најави помош од ЕУ, се приклучија и други земји

Екс хрватски голман со шокантна исповед за земјотресот во Турција кој траел повеќе од 1 минута

Земјотресот во Турција би можел да биде најсилен во историјата на земјата

Мицкоски со телеграма со сочувство до Турција и турскиот народ за жртвите од земјотресот

ТУРЦИЈА ВО КОЛАПС – откажани стотици авионски летови кон Истанбул!

По силниот земјотрес во Турција, МНР во контакт со Амбасадата на Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул

ИСТОРИСКАТА ТВРДИНА СТАРА 2.200 ГОДИНИ СРАМНЕТА СО ЗЕМЈА – земјотресот го уништи Газиантеп, еве како изгледал претходно (ВИДЕО)

Сочувство од Пендаровски до Ердоган по силниот земјотрес

ВИДЕО: Неколку деца спасени од под урнатините во повеќе градови во Турција и Сирија

Близу 80 потреси по разорниот земјотрес во Турција, еве со која јачина се

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ: Први снимки од разорниот земјотрес во Турција, плач и лелеци од жителите

Расте бројот на загинати во земјотресот во Турција

ТЕШКА НОЌ: Земјотрес од 7,8 степени ги тресеше Турција и Сирија, најмалку 138 загинати

 

 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *