Околу 160 лица во Турција приведени поради ширење страв на социјални мрежи по земјотресите

Вкупно 157 лица во Турција се приведени поради ширење провокативни објави на интернет по разорните земјотреси на 6 февруари, соопшти Генералниот директорат на турската полиција.

Во соопштението се наведува дека во рамките на овластувањата дадени со закон, Единицата за компјутерски криминал работи деноноќно.

Идентификувани се 1.139 лица со профили за кои се верува дека објавиле провокативна содржина поврзана со земјотресите на платформите на социјалните медиуми. Се верува дека објавите биле со цел да се создаде страв меѓу турските граѓани, истакнува ТРТ-Хабер.

Против 651 лице е поведена судска постапка, приведени се 157, а на 29 им е одреден притвор. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *