Орбан: Европа и Фон дер Лајен сакаат да ја срушат нашата влада

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, се обидуваат да ја „соборат суверенистичката унгарска влада“ и да ја заменат со „администрација во стилот на Брисел“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан изјави за унгарската радио станица Кошут, говорејќи за неодамнешната дебата во Европскиот парламент (ЕП), пред која ги информираше пратениците и претставниците на ЕУ за унгарското претседателство со Унијата, дека Фон дер Лајен и Вебер „ги игнорирале фактите, биле полни со омраза и не се грижеле за Европа и европските жители“, пренесува МТИ.

Унгарскиот премиер тврди дека дебатата била насочена кон рушење на унгарската влада и нејзино заменување и дека било планирано да биде заменета со Клара Добрев од Партијата на европските социјалисти.

– Беше јасно дадено дека тие ја сакаат таа коалиција – рече Орбан.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ