Отказ за 1.200 вработени: „Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија

Американската компанија за онлајн продажба „Амазон“ соопшти дека планира да затвори три магацини во Велика Британија, што ќе значи отпуштање на 1.200 вработени.

„Амазон“ со седиште во Сиетл минатата недела објави дека планира да укине повеќе од 18 илјади работни места, штр би било последно во серијата отпуштања што го зафатија секторот.

Истовремено, вработените во магацините на „Амазон“ во Велика Британија бараат зголемување на платите, а околу 300 од нив планираат да штрајкуваат на 25 јануари. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *