Јапонија распоредила 1.400 пожарникари и 100 припадници на војската во борба против планинските пожари на северот од земјата, кои се шират веќе петти ден по ред. Површината зафатена од пожарите достигнала 1.373 хектари, што претставува зголемување од седум проценти во однос на претходниот ден. Пожарите ги загрозуваат станбените делови на градот Оцучи на пацифичкиот брег […]
