Во стан во Нови Сад утрово било пронајдено тело на 56-годишен маж, кој бил изгризан до смрт од куче од расата Пит бул.
Итната медицинска помош интервенирала по повик од неговиот син.
Портпаролот на Итната помош д-р Зоран Круљ за локалните медиуми изјавил дека нивната екипа на лице место можела само да констатира смрт .
„Нашиот тим интервенираше по дојава дека куче пит бул териер нападнало човек и му нанело фатални повреди. Медицинскиот тим интервенираше веднаш, но можеа само да ја потврдат смртта на 56-годишниот човек на лице место“, наведува Круљ.
Кучето било во сопственост на неговиот син.
На неговиот син му е одредена мерка притвор од 48 часа по што по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.